Sayed Khodaberdi Sadat
17 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападот на државната телевизија во Џалалабад, во источниот дел на Авганистан, во која загинаа шест лица, јаува Anadolu Agency (AA).
По нападот на зградата на државната телевизија, дојде до судир меѓу напаѓачите и припадниците на безбедносните сили.
Гулаб Мангал, гувернер на авганистанската провинција Нангархар, потврди дека нападот го извршиле четири лица. Двајца од четворицата активирале експлозивна направа на влезот од зградата на државната телевизија.
Според него, другите две лица влегле во зградата и почнале да пукаат. Мангал истакна дека четиричасовниот судир меѓу напаѓачите и припадниците на силите за безбедност заврши откако напаѓачите беа убиени.
Тој потврди дека во судирот загинале четворица вработени во телевизијата и двајца полицајци, а беа повредени 17 лица.