Sayed Khodaberdi Sadat
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
КАБУЛ (AA) - Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад на Универзитетот Маршал Касим Фахим во Кабул, главниот град на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Министерството за одбрана на Авганистан Девлет Везири за АА потврди дека бомбашот самоубиец дошол до автобусот кој превезувал студенти, а потоа ја активирал експлозивната направа врз себе.
„Во нападот загинаа најмалку 15 студенти, а 4 се ранети", рече Везири.
Сеуште никој не презеде одговорност за нападот.