Muhammed Bilal Kenasari
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп најави дека ќе отвори за јавноста десетици илјади „тајни документи" во врска со атентатот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација Трамп ја сподели преку социјалната мрежа Твитер.
„За да се добијат дополнителни информации ќе дозволам да се отворат документи во врска со Џон Кенеди (Џон Ф. Кенеди), кои долго време се забранети", напиша Трамп.
Според Законот за документите во врска со атентатот на Кенеди во 1992 година, надлежните органи се должни во рок од 25 години да ги објават милионите документи, а се работи за документите на ФБИ и ЦИА. Овој рок истекува на 26 октомври оваа година.
Американскиот Национален архив досега има објавено голем број на документи поврзани со Кенеди, но некои од информациите во рамките на досието се достапни само со дозвола од претседателот на државата.