Muhammed Bilal Kenasari
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп изјави дека САД со сојузниците СДГ (ПКК/ПЈД) целосно го исчистиле градот Ракка од терористите на ДЕАШ, Anadolu Agency (AA).
Трамп во писмена изјава порача дека градот Рака е ослободен од терористичка организација ДЕАШ. Во извештајот Трамп исто така ги наведува (ПКК/ПЈД) кој го користат името СДГ.
„СДГ (ПКК/ПJД) и нашите сојузници, кои се борат против ДЕАШ во Сирија, успешно ја презедоа контролата над Рака, за која ДЕАШ ја сметаше за своја престолнина. Со заедничка борба нашите сили целосно ја исчистија Рака", рече Трамп.
Тој додаде дека тоа преземањето на контролата над Рака е критична пресвртница во борбата против ДЕАШ.
„Наскоро ќе започнеме еден нов период и ќе започнеме со поддршка на локалните сили со цел да се намалат тензиите во Сирија. Ќе ги прошириме условите за воспоставување на траен мир и спречување на терористички организации кои се закануваат на заедничката безбедност", изјави Трамп, додавајќи:
„Со цел да се запре насилството, ќе продолжиме да даваме поддршка на дипломатскиот процеси со цел бегалците да можат да се вратат во своите домови, а ние ќе се воспоставиме преоден процес на за прекин на насилството на сирискиот народ."