Sayed Khodaiberdi Sadat
07 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
КАБУЛ - Талибанските милитанти извршија напад врз село сместено во подрачјето на Кешк Рубатсанги во авганистанската покраина Херат, убивајќи 7 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на провинцијата Херат, Џејлани Ферхад, за АА изјави дека милитантите извршиле вооружен напад на селото Хоџа Нур во подрачјето на Кешк Рубатсанги.
Фахрад информира дека во нападот се убиени 7 цивили, меѓу кои имало и деца, а 17 цивили се ранети.
Засега нема никакво соопштение од талибанската страна во врска со настанот.