Sayed Khodaberdi Sadat
09 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
КАБУЛ (AA) - Најмалку 27 лица загинаа во два бомбашки напади изведени на подрачјето на Кабул и Такхар во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните податоци во првиот напад во Мусал и Мазари во Кабул загинаа десет лица. Безбедносните служби наведуваат дека се ранети 13 лица.
Очевидците тврдат дека станува збор за самоубиствен напад и дека на местото на настанот се наоѓаат многу тела. Нападот е изведен во текот на церемонијата на одбележувањето на годишнината од смртта на Абдул Али Мазари, лидерот на Хизб-и-Вахдат. На церемонијата присуствуваа голем број високи функцонери.
Сеуште никој не презел одговорност за нападот.
Другиот напад се случи во Такхар на североистокот на земјата. Мета на талибаните беше полициска станица. Загинаа 17 припадници на безбедносните сили.
Сунетулах Тимур, гласноговорникот на гувернерот на Такхар, за АА изјави дека талибаните ја опколиле полициската станица и извеле напад.
Потврди дека загинале десет полицајци и седум војници. Меѓутоа, талибаните тврдат дека загинале 30 припадници на безбедносните сили.