Mesut Zeyrek
09 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
КЕЛН (АА) - Синоќа на полноќ со молотов коктел е извршен напад врз џамијата Акшемсетин во германскиот град Лауфен, јавува Anadolu Agency (AA).
Причинета е материјална штета на џамијата којашто делува во рамки на движењето Исламска заедница „Национален поглед“ (IGMG).
Бекир Алтас, генерален секретар на ИГМГ, изјави дека загрижува интензитетот на нападите врз муслиманите во џамиите низ Европа.
Тој побара што е можно побргу да се реши случајот со нападот. Алтас смета дека исламофобичните напади не би требало да станат занемарливи и затоа Владата на Баден-Виртемберг треба да ги преземе потребните мерки.