Sayed Khodaberdi Sadat
04 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 13 припадници на терористичката организација ДЕАШ беа убиени во операцијата што ја започнаа авганистанските сили ова утро во северниот дел од Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на северната авганистанска покраина Џаузџан, Мухамед Риза Гафури, за АА изјави дека армијата утринава покренала антитерористички операции на два локалитета во периферните делови на подрачјето Дерзаб.
Досега, најмалку 13 терористи на ДЕАШ се убиени, вклучувајќи и два регионални лидери на оваа терористичка организација.
Гафури изјави дека најмалку пет терористи биле ранети, додека во операцијата загинал еден авганистански војник.