Kübra Chohan
04 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
РИМ (АА) - Во Италија денес започна гласањето на општите избори во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласањето започна во 07.00 часот по локално време и ќе трае до 23.00 часот. Резултатите се очекува да бидат објавени утре попладне.
Речиси 51 милион регистрирани гласачи, вклучувајќи и 4,3 милиони гласачи во странство, ќе излезат на гласање за да го изберат составот на новиот Парламент.
За 630 места во пратеничкиот дом ќе се избира меѓу вкупно 3.901 кандидати, додека за 315-те места во Републичкиот сенат се натпреваруваат 1.958 кандидати.
Италија последен пат одржа општи избори во 2013 година. Оттогаш, со земјата раководи централно-левичарската Демократска партија и тоа со три различни премиери: Енрико Лета, Матео Ренци и актуелниот Паоло Гентилони.
Иако на изборите учествуваат 30 партии, главната трка е помеѓу Демократската партија, централната десница „Форца Италија“ (ФИ) и популистичкото Движење „Пет ѕвезди“.