Ekipa
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
АФРИН / АНКАРА (АA) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ од терористите ослободија уште четири села и планина во подрачјето на Африн во северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека и денеска се продолжени копнените и воздушните акции со цел неутрализација на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободени се селото Бафлиун и планината во подрачјето на Шаран, Халило во Раџу, како и Согулџак и Аранда, кои припаѓаат на Шејх ал-Хадид, чиј центар беше претходно ослободен.

Претходно, утрово, Турските сили и Слободната сириска војска во продолжението на операцијата „Маслинова гранка“ ослободија уште едно село. Репортерот на АА од теренот јави дека од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ е ослободено и селото Хаџи Халил во подрачјето на Раџу, кое се наоѓа северно од центарот на Африн, на сириско-турската граница.
Во операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари со цел да се неутрализираат терористите во подрачјето на Африн, досега се ослободени 134 точки од кои три центри на градови (Булбул, Раџо и Шејх ал-Хадид), 108 села, 22 стратешки планини или ридови и база на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ.
Во денешните акции на турските сили неутрализирани се најмалку 56 терористи, со што вкупниот број на неутрализирание терористи од почетокот на операцијата е зголемен на 2.668.
По ослободувањето на центарот на градот Раџо, терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ уште повеќе се оддалечени од турско-сириската граница.
Подрачјето на Африн, во северозападниот дел на Сирија, се граничи со турските области Хатај и Килис. Тој дел од границата во облик на полумесечина од пред пет дена целосно е под контрола на Турските сили и Слободната сириска војска.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005.), 2170 (2014.) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ). ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.