Burcu Çalık
19 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
АНКАРА (AA) – Најмалку четворица припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК неутрализирани се во воздушен напад на турските сили во Ван, градот на истокот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Оружените сили на Република Турција (TSK) наведено е дека турските авиони утрово извеле напади на положбите на ПКК на локацијата Баскале, недалеку од Ван, градот на истокот на Турција.
Во таа прилика, неутрализирани се најмалку четворица припадници на ПКК кои биле во подготовка на изведување терористички активности.
ПКК е на листата на терористичките организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД).