Sinan Uslu
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Во текот на минатата недела, неутрализирани се вкупно 78 терористи во рамките на антитерористичките операции против терористичката организација ПКК, а меѓу неутрализираните е и Фират Беркпинар, кој се наоѓа на листата на најбарани терористи, соопшти Генералштабот на турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во антитерористичките операции e запленета голема количина оружје, муниција и експлозивни направи.
Фатени се и лишени слобода повеќе од шест илјади лица кои по илегален пат се обиделе да ја преминат турската граница од соседните земји.
Во текот на минатата недела, во антитерористичките операции загина еден турски војник, а 21 се ранети.
Офанзивата на северниот дел од Сирија, која беше започната со цел да се спречат нападите на терористите од ДЕАШ, поддршка на враќањето на раселените цивили и за сузбивање и спречување на тероризмот, ја спроведува Слободната војска на Сирија со поддршка на турските сили. Операцијата и понатаму трае во смисла на заштита на ослободените 243 населби на просторот поголем од две илјади квадратни километри.