Sayed Khodaiberdi Sadat
12 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
КАБУЛ (АА) - Најмалку 15 лица се повредени во бомбашки напад кој беше извршен за време на петочната молитва во џамијата во авганистанската источна покраина Нангархар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Експлозијата се случи во Џамијата „Тирилеј“ во подрачјето Спин Гар“, соопштија официјални претставници на администрацијата на привремената талибанска Влада.
Според наводите, бомбата била поставена на минберот од џамијата.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Откако силите на НАТО предводени од САД го напуштија Авганистан ова лето, во покраината Нангархар често се случуваат бомбашки напади, за кои повеќето од нив одговорност презема терористичката организација ДЕАШ.
Речиси 100 лица ги загубија своите животи во напад за време на петочната молитва во шиитската џамија во Кундус на 8 октомври и шиитската џамија во Кандахар на 15 октомври, за кои одговорност презеде терористичката организација ДЕАШ.