Islam Uddin
18 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Во експлозијата што одекна вчера низ Кабул, загинаа 21 лице, објавија денеска авганистанските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, соопшти дека 21 лице загинале, а 33 се ранети во експлозија во џамија во главниот град на Авганистан.
„Експлозијата се случи во Џамијата „Абу Бакр ал Садик“, кога голем број луѓе ја извршуваа вечерната молитва“, изјави Задран.
Забихула Муџахид, портпарол на Привремената администрација во Авганистан, ја осуди експлозијата и рече дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Ова е втора експлозија во Кабул во последните седум дена, а сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот.