Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Adham Kako
11 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ИДЛИБ
- Бурак КАРАЏАОГЛУ / Ешреф МУСА
Агенција Анадолија (АА) со дрон ги сними бомбите кои паднаа во подрачјето на Маратунуман во Идлиб кој е изложен на интензивни напади на Асадовиот режим и неговите поддржувачи.
Асадовиот режим продолжува со нападите врз цивилните населени места во јужното рурално подрачје на Идлиб. На нишанот на овие напади е и подрачјето на Маратунуман во јужниот дел на Идлиб.
Новинарите на АА од воздух ги снимија бомбардирањата во центарот на Маратунуман.
На снимките се забележуваат бомбите кои паднале врз куќите на цивилите.
Исто така, на снимките привлекува внимание дека градот е претворен во урнатини и дека нападите се вршат без да се прави некоја разлика во целите.
Како резултат на интензивните напади во центарот и во руралното подрачје на Маратунуман, десетици илјади цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.