Muhammet Kurşun
11 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Претседателот на Иран, Хасан Рохани, во врска со соопштението дека авионот на украинската авиокомпанија „по грешка“ е соборен од страна на системот за воздушна одбрана, изјави „Не станува збор за нешто што може лесно да се стави настрана. Истрагата за причините и самиот чин на катастрофата треба да продолжат и да се поведе правна постапка против одговорните за оваа непростлива грешка“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рохани во писмената изјава наведува дека во атмосфера по убиството на генералот Касим Сулејмани и постојаните закани на Соединатите Американски држави (САД), системите за воздушна одбрана биле во целосна будност против можен напад од нивна страна.
„Ваквите тензии предизикаа човечка грешка и погрешно исфрлање [проектил], што предизвика катастрофа која резултира со смрттта на десетици луѓе“, прокоментира Рохани, изразувајќи го своето жалење поради грешката која предизвика катастрофа.
Претседателот Рохани го истакна следното:
„Не станува збор за нешто што може лесно да се стави настрана. Истрагата за причините и самиот чин на катастрофата треба да продолжат и да се поведе правна постапка против одговорните за оваа непростлива грешка. Освен тоа, потребно е да се отстранат слабостите во системот за воздушна одбрана на земјата, со цел да се спречи повторување на ваквите катастрофи.“
Иранскиот генералштаб соопшти дека авионот на украинската авиокомпанија по грешка е соборен од страна на системот за воздушна одбрана како резултат на „човечка грешка“, откако авионот поминал „над чувствителна воена точка“.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф, се извини поради „по грешка“ соборениот патнички авион на украинската авиокомпанија.