Husseın Mahmoud Ragab Elkabany,Hamdi Yıldız
04 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
„Јордан ерлајнс“ и Бахреин ерлајнс“ информираа дека ги запираат летовите за Багдад до следното соопштение, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јорданскиот кралски ерлајнс објави дека суспендирањето на летовите за Багдад се должи на нестабилната безбедносна состојба во градот.
Во соопштението се наведува дека освен за Багдад, летовите на релациите Басра, Ербил, Неџеф и градот Сулејманије се одвиваат по нормален тек.
„Голф ер“, авиокомпанијата од Бахреин, донесе слична одлука, соопштувајќи дека ги суспендира летовите за градовите Багдад и Неџеф.
Во соопштението што го објави „Голф ер“ се вели дека сите летови за Багдад и Неџеф се откажани поради нестабилната безбедносна состојба во Ирак до следното соопштение.
Вчера наутро во ракетен напад врз возила на аеродромот во Багдад убиен е Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим, поврзани со Иранската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухендис, заменик-претседателот на проиранската организација „Хашд ал Шаби“.