Barış Gündoğan
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – На 176. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, од воздух и од копно се погодени 224 позиции на терористичката организација ДЕАШ, а неутрализирани се 17 членови на организацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се наведува дека продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24 август 2016, со цел турските вооружени сили да ја зголемат безбедноста на границата, елиминирајќи ја заканата од ДЕАШ и од останатите терористички организации и да им дадат поддршка на коалициските сили.
Во соопштението од Генералшабот се наведени информации за 176. ден од операцијата. Се вели дека денес, до 07.00 часот наутро, специјалните воени групи формирани од опозициските елементи продолжуваат со операцијата за чистење на станбените, населени делови на Ал Баб од елементите на ДЕАШ, каде што со интензивни воздушни и копнени напади во голема мера е преземена контролата над градот.
Во соопштението исто така се вели дека со артилерија и со друга огнена поддршка во рамките на Командата на копнените сили, отворен е оган врз 194 позиции на терористичката организација ДЕАШ, при што е извршен притисок врз засолништата, одбранбените позиции, контролните командантни објекти, а уништени се оружја и возила на организацијата.
Во соопштението се наведува дека воените авиони извршиле воздушна интервенција врз 30 позиции на ДЕАШ. Во воздушната интервенција се уништени 16 згради што терористите ги користеле како засолниште, три згради што ги користеле како седишта, еден автомобил-бомба, 10 одбранбени позиции и едно складиште за оружје.
При артилериските напади, извршената воздушна интервенција и во судирите кои настанаа, неутрализирани се вкупно 17 членови на терористичката организација ДЕАШ.
Во Ал Баб убиени 8 бомбаши-самоубици, припадници на ДЕАШ
Генералштабот на турската армија соопшти дека припадници на терористичката организација ДЕАШ на југот од Ал Баб, во зоната во која е поставена привремена база извршиле напад со возило-бомба, а притоа се убиени и 8 терористи кои носеле елеци со експлозив.
Во 09.10 часот, терористичка група од околу десетина лица изврши напад со автомобил-бомба во близина на привремената база во јужниот дел на Ал Баб. Во нападот животот го загубија 7 припадници на Слободната сириска армија.