Ekipa
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Најмалку осуммина патници се ранети кога напаѓачите, за кои се смета дека се припадници на милитантната организација Абу Сајаф, доцна синоќа нападнаа автобус на периферијата на градот Замбоанга, во југозападниот дел на филипинскиот остров Минданао, пренесува Anadolu Agency (AA).
Филипинските медиуми јавуваат дека автобусот се движел по автопатот во близина на местото Мути, кога е нападнат околу 23 часот по локално време.
Меѓу ранетите во нападот има и жени и сите се хоспитализирани.
Селото Мути, кое се наоѓа на околу 30 километри источно од Замбоанга, е засолниште на групата поврзана со ДЕАШ, а во последните месеци се забележани неколку напади на улиците, како и опсади.
Селото го населуваат муслимански доселеници од околниот остров Басилан.
Групата Абу Сајаф, вооружена со импровизирани експлозивни направи, минофрлачи и со автоматско оружје, од 1991 година врши бомбашки напади, киднапирања, убиства и изнудување во самопрогласената борба за независност на Филипините.