свет

Розовото езеро во Сенегал го врати својот препознатлив розов сјај

- Езерото по неколку години повторно го доби својот уникатен изглед и привлекувa странски и домашни туристи, како и локални рибари и собирачи на сол.

Aida Cako  | 08.07.2025 - Обновена : 08.07.2025
 Розовото езеро во Сенегал го врати својот препознатлив розов сјај

СКОПЈЕ (АА) - Езерото Ретба, познато и како Розово езеро, кое се наоѓа околу 35 километри од  Дакар, главниот град на Сенегал, го врати својот препознатлив розов сјај по долг период на исчезнување на бојата, јавува Анадолу.

Изминатите неколку години прекумерните врнежи и зголеменото загадување доведоа до значително губење на карактеристичната боја на езерото и тоа негативно се одрази на туристичкиот сектор, како и на локалната економија.

Ова природно чудо, едно од најсолените езера во светот, добива розова боја благодарение на присуството на специфичните алги dunaliella salina, кои произведуваат црвеникав пигмент кога концентрацијата на сол е висока и кога сончевото зрачење е интензивно.

Езерото повторно го доби својот уникатен изглед и привлекувa странски и домашни туристи, како и локални рибари и собирачи на сол.



​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın