Yusuf Özcan
18 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
ПАРИЗ
Францускиот претседател Емануел Макрон, во однос на прашањето за именување министер и управување со кризата, е под влијание на Никола Саркози, пишува „Ле Фигаро“ (Le Figaro), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Макрон често се консултира со Саркози, поранешниот претседател на Франција, тврди весникот „Ле Фигаро“ и истакнува дека Саркози изјавил дека Макрон не дава препораки, туку зборува за тоа како би постапил да е на негово место.
„Нема да направам ништо што би ја продлабочило кризата во Франција“, изјави Саркози, кој го предупреди Макрон дека Французите нема да бидат задоволни со реформата на пензискиот систем.
Во вестите објавени во весникот „Ле Фигаро“ се истакнува дека премиерот Жан Кастекс, министерот за внатрешни работи, Гералд Дарманин, министерката за животна средина, Роселин Бачелот и министерот за правда, Ерик Дупонд-Морети, на тие функции се именувани токму под влијание на Саркози.
Се наведува дека пратеникот од Републиканската партија (LR) изјавил дека Макрон му верува на Саркози.
„Тоа на Саркози не му пречи. Станува збор за меѓусебна доверба“, изјави пратеникот на Републиканската партија.