свет

На протест во Њујорк побарано затворање на Канцеларијата за миграции: Уапсени 20 лица

Њујоршката полиција интервенираше за време на протестите на плоштадот „Фолеј“ во Менхетен, каде што се собраа голем број демонстранти незадоволни од постапувањето на Канцеларијата за имиграции и граници кон мигрантите кои се наоѓаат во притвор

Mücahit Oktay  | 18.09.2020 - Обновена : 18.09.2020
На протест во Њујорк побарано затворање на Канцеларијата за миграции: Уапсени 20 лица

ЊУЈОРК

Најмалку 20 лица се уапсени за време на протестите во Њујорк на кој демонстрантите побараа затворање на американската Канцеларија за имиграции и граници (ICE), јавува Агенција Анадолија (АА).

Њујоршката полиција интервенираше за време на протестите на плоштадот „Фолеј“ во Менхетен, каде што се собраа голем број демонстранти незадоволни од постапувањето на Канцеларијата кон мигрантите кои се наоѓаат во притвор. За време на полициската интервенција се уапсени најмалку 20 лица.

Демонстрантите се собраа пред владините институции кои се наоѓаат во близина на плоштадот, а во моментот кога тргнале кон „Federal Plaza“, ги запрела полиција. Потоа се разбегале по околните улици, што со камера го забележа и репортерот на АА.

Пред „Federal Plaza“ и вчера се собраа значаен број демонстранти, кои, откако полицијата ги спречила да влезат во зградата, ги скршиле стаклата на влезните врати.

Во САД група собрана под името „Затвори ICE“ и претходно организираше демонстрации критикувајќи ја политиката на апсење на имигрантите без документи и одвојувањето на имигрантските семејства од нивните деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın