Hakan Çopur
18 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
ВАШИНГТОН
Белата куќа соопшти дека уште пет земји, од кои три од Средниот Исток и две надвор од овој регион, се многу блиску до нормализирање на односите со Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Марк Медоус, шефот на Кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, даде изјава за медиумите во сојузната држава Висконсин при неговата посета во врска со изборната кампања на Трамп.
Медоус укажа на важноста на нормализирањето на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин.
„Уште пет земји сериозно размислуваат за нормализирање на односите со Израел, од кои три се од овој регион, додека две земји се надвор од овој регион“, рече Медоус, избегнувајќи да ги спомне имињата на земјите.
Од друга страна, Медоус нагласи дека Трамп во вторник нема да патува во Њујорк за неговото обраќање во рамки на состаноците во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Тој истакна дека Трамп ќе остане во Вашингтон и неговото обраќање за ОН ќе го реализира од Белата куќа.