Ali Cura
18 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
МОСКВА
Во Русија, бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 19.195, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.091.186, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.905 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.091.186.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 134 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 19.195.
Оздравеа уште 5.339 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 901.207 лица.
Во Русија направени се над 42 милиони тестирања за Ковид-19.