Sibel Uğurlu
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Кога ќе се имплементираат резултатите од минатомесечниот референдум за независност зависи од конструктивниот и одговорен дијалог со Багдад, се вели од Регионалната курдска управа, јавува Anadoly Agency (AA).
Минатиот месец, Регионалната курдска управа одржа спорен референдум за прогласување независност од Ирак, кој Ирак и соседните земји го прогласија на нелегитимен.
Во соопштението објавено на официјалниот вебсајт на Регионалната курдскат управа се вели дека Ербил е подготвен за дијалог со Багдад без никакви предуслови.
Во соопштението, исто така, се вели дека санкциите наметнати од страна на ирачката централна Влада како одмазда за референдумот се „неуставни“ и оти зголемените тензии нема да бидат во ничија корист.
На 25 септември, Ирачаните во областите контролирани од Регионалната курдска влада и во спорните области помеѓу Багдад и Ербил, административниот главен град на управата, гласаа за тоа дали да прогласат независност од ирачката централна Влада.
Според резултатите објавени од страна на Регионалната курдска управа, речиси 93 отсто од гласачите се изјаснија за прогласување независност.
Нелегитимниот референдум наидува на силно противење од страна на повеќето регионални и меѓународни актери, вклучувајќи ги САД, Турција и Иран, кои предупредија дека гласањето ќе го одвлече вниманието од ирачката борба против тероризмот и дополнително ќе го дестабилизира регионот.
Заедно со голем број други репресивни мерки, ирачкиот Министерски совет соопшти дека во тек се законски процедури против сите службеници на Регионалната курдска управа вклучени во спроведувањето на регионалните избори.
Поради одржаниот референдум, Багдад исто така ги забрани сите меѓународни летови во контролираните области на Регионалната курдска управа и ги затвори сите надворешни дипломатски мисии кои се наоѓаат во регионот.