Mustafa Melih Ahıshalı
08 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, го оцени како „пиратство“ британското запленување на иранскиот танкер за нафта во Гибралтарскиот Теснец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зариф во пораката на Твитер напиша:
„Иран не е ниту член на Европската Унија (ЕУ) ниту пак, подложи на европските санкции за нафта. Незаконското запленување на иранскиот танкер со нафта од страна на Англија во име на 'Екипата Б' е пиратство. Тоа е опасен пример и треба да се стави крај.“
Иранскиот министер Зариф како „Екипа Б“ ги нарече советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, и принцот престолонаследник на Абу Даби, Мохамед бин Зајед.
Автономната администрација на Гибралтар, која потпаѓа под Британија, во четвртокот заплени ирански танкер за нафта за кој беше кажано дека носи „нафта во Сирија“.