Michael Hernandez
09 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше британската премиерка Тереза Меј во врска со нејзиното справување со случајот со повлекувањето на Велика Британија од Европската унија, откако протекоа дописи во кои се отсликува гледиштето на британскиот амбасадор во Вашингтон за него, јавува Anadolu Agency (AA).
„Каков хаос таа и нејзините претставници направија. И кажав како треба да се направи, но таа одлучи да прави на друг начин. Не го познавам амбасадорот, но не постои добро мислење за него и не им се допаѓа на САД“, напиша Трамп на Твитер.
Ваквите коментари на американскиот претседател следуваа откако протекоа дописите од страна на британскиот амбасадор во САД, во кои е критикувана администрацијата на Трамп и во кои меѓу другите работи администрацијата е наречена „непредвидлива“ и „дипломатски невешта и неспособна“.
Ваквите дописи беа обавени во весникот „Дејли мејл“ (Daily Mail), а нивната автентичност беше потврдена од британската влада.
Британскиот амбасадор во Вашингон, Ким Дерок напиша извештај во кои се вели дека американскиот претседател е „неспособен“ и „некомпетентен“
Трамп изјави дека САД повеќе нема да соработува со британскиот амбасадор, додавајќи дека добрите вести во врска со Велика Британија се тоа што таа наскоро ќе има нов премиер.
„Додека јас минатиот месец целосно уживав во мојата величествена државна посета во Велика Британија, она од кое најмногу бев импресиониран таму беше Кралицата!“, додаде тој.
Дописите со негативни коментари за американскиот претседател од страна на британскиот амбасадор протекоа само неколку недели откако Кралицата Елизабета со свечена вечера го угости Трамп и неговото семејство во Бакингемската палата.