свет

САД одобрија продажба на оружје за Тајван во вредност од 2,2 милијарди долари

Агенцијата за безбедносна соработка во одбраната на САД (DSCA), поврзана со Пентагон, го информираше Конгресот дека американскиот Стејт департмент даде согласност за продажба на оружјето

Safvan Allahverdi  | 09.07.2019 - Обновена : 10.07.2019
САД одобрија продажба на оружје за Тајван во вредност од 2,2 милијарди долари

ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација одобри продажба на оружје на Тајван во вредност од 2,2 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).

Агенцијата за безбедносна соработка во одбраната на САД (DSCA), поврзана со Пентагон, го информираше Конгресот дека американскиот Стејт департмент даде согласност за продажба на оружјето.

Според тоа, се очекува Тајван за 2,2 милијарди долари да купи 108 американски тенкови од типот „M1A2T Абрамс“ и 250 ракети „Стингер“.

Покрај тоа, во пакетот е вклучено голем број автоматско оружје, муниција, оклопни борбени возила „Херкулес“, носачи на тешки возила и опрема за поддршка.

Во информациите се наведува дека оружјето ќе придонесе за одбранбените капацитети на Тајван, но дека нема да ја промени основната воена рамнотежа во регионот.

САД одамна се главен снабдувач на оружје за Тајван, иако официјално не ја признаваат земјата. Од друга страна, Кина, Тајван го смета за сопствена провинција.

Портпаролот на Претседателството на Тајван, Чанг Тун Хан, во соопштението во врска со продажбата на оружје истакна дека неговата земја ќе го забрза купувањето на оружје и дека со САД во воена смисла ќе „воспостават поблиски односи“.

За да можат да започнат преговорите за продажба Конгресот не треба да даде никакви забелешки во рок од 30 дена. На крајот на 30 дена САД ќе испратат писмо до Тајван и ќе започнат преговорите за продажба.

Оружјето што ќе се продава на Тајван го произведуваат американските фирми „General Dynamics Corp“ и „Raytheon“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın