свет

„Дијалогот е важен за јакнење на турско-американските односи“

„Постојат некои проблеми, но нашите проблеми нема никој друг да ги решава, тоа мораме ние да го направиме. Непрекинато работиме на тоа. Се надеваме дека наскоро ќе стекнеме услови за надминување на моменталните проблеми“, изјави Акар.

Sarp Özer  | 16.04.2019 - Обновена : 17.04.2019
„Дијалогот е важен за јакнење на турско-американските односи“

ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, изјави дека во јуни се очекува Русија да ги испорача на Турција одбранбените системи „С-400“, јавува Anadolu Agency (AA).

Акар синоќа во Вашингтон присуствуваше на 37. Редовно годишно заседание на Економскиот совет на американско-турската соработка (TAIK) и Американско-турскиот совет (ATC).

Во разговор со новинарите Акар укажа на важноста на турско-американската билатерална соработка на воено и на сите други полиња.

„Постојат некои проблеми, но нашите проблеми нема никој друг да ги решава, тоа мораме ние да го направиме. Непрекинато работиме на тоа. Се надеваме дека наскоро ќе стекнеме услови за надминување на моменталните проблеми“, изјави Акар.

„Дијалогот е од клучна важност за нашите односи“, изјави Акар.

Нагласувајќи дека Турција е соочена со сериозни воздушни закани во кризниот регион во кој се наоѓа и дека е природно да ги зајакнува своите одбранбени капацитети, Акар изјави дека набавката на одбранбените системи е прашање на суверенитет, независност и одбрана на државата.

„Меѓу државите не би смеело да има ултиматуми и реторика која нѐ оддалечува. Не треба да се поврзува тоа што Турција го зема системот „С-400“ од Русија и борбените авиони „Ф-35“ од САД“, изјави Акар, и додаде дека Турција е заинтересирана и за купување на американскиот систем „Патриот“.

Властите на САД негодуваат што Турција го купува рускиот систем „С-400“ и сметаат дека тоа би можело да ги компромитира американските авиони „Ф-35“.

„Рампите С-400 постојат во Сирија, а недалеку од нив во Израел се авионите „Ф-35“. Слично е и во Балтичкиот Регион. Повикуваме на дијалог за да ги решиме тие работи. Ние нема тие системи да ги интегрираме во НАТО, туку тие независно ќе дејствуваат, најверојатно во Анкара и Истанбул, а авионите „Ф-35“ ќе бидат во Малатја. Помеѓу е голема оддалеченост. Отворени сме за дијалог, доколку од технички аспект навистина нешто треба да се направи“, изјави Акар.

Акар изјави дека системите „С-400“ сѐ уште не се, но дека сигурно ќе бидат испорачани на Турција, и додаде дека руската страна на последниот состанок го споменувала јуни како можен термин на испорака.

Коментирајќи ја ситуацијата во Сирија која е зафатена со војна, Акар изјави дека Турција го заговара воспоставувањето на безбедната зона долж северната граница на Сирија и тоа исклучително поради безбедносни причини, бидејќи во тој регион дејствуваат терористи кои претставуваат закана за Турција.

„Турција во потполност го почитува политичкиот интегритет и територијалната целост на Сирија. Немаме никакви аспирации на сириската територија. Нашата цел е неутрализација на терористичката закана по нашата земја и регион“, изјави Акар.

На прашањето да ја коментира актуелната политичка криза во Судан, Акар изјави дека е очигледно дека поголемиот дел од африканските земји се средиште на борба за доминација на некои земји од Средниот Исток.

„Наша желба е братскиот судански народ да живее во мир, спокој и во што подемократска средина“, изјави Акар.

Тој најави дека Турција планира да гради ново седиште на Генералштабот во Анкара, за кое изјави дека ќе биде конкурентно и на американскиот комплекс на Пентагон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın