Emre Gürkan Abay
29 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија „Газпром“ објави дека во рамките на проектот за гасовод „Турски тек“, преку дипломатски канали добиле дозвола од Турција за извршување на истражувања во територијалните води на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од „Газпром“ се истакнува дека за изградба на планираните две линии во рамките на проектот за гасовод „Турски тек“, преку дипломатски канали добиле дозвола од Турција за реализирање на потребните истражувања во територијалните води на Турција.
Исто така, наведени се ставовите на заменик-претседателот на Одборот на директори на „Газпром“, Алексеј Милер, кој вели дека продолжуваат да работат активно и хармонизирано со турските надлежни во првата фаза на проектот „Турски тек“.
„Газпром“ потврди дека ја добил потребната дозвола со којашто на 7 септември почнал со изградбата на поморската делница на гасоводот „Турски тек“.