Zeynep Hilal Karyağdı
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
ТРИПОЛИ
Воени авиони кои припаѓаат на Владата на национално единство на Либија (UMH) организираа воздушен напад врз седиштето на војниците на генерал Калифа Хафтар во градот Ел-Куфра, во централниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во локалните медиуми, авионите на Владата на национално единство на Либија ги бомбардираа силите на Хафтар во областа Хун во Ел-Куфра, 650 километри од главниот град Триполи.
Се пренесува дека силите на Хафтар одговориле на нападите со противавионски системи. Нема информации за тоа дали има жртви при нападите.
Генерал Калифа Хафтар, командант на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април ги започна операциите за преземање на Триполи, по што дојде до сериозни судири во Триполи и неговата околина меѓу неговите сили и Владата на национално единство на Либија.
Во насилните судири околу главниот град Триполи, според Светската здравствена организација, 147 лица се убиени, а 614 лица се ранети.