Umar Farooq
05 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, ги одобри плановите за продолжување на распоредувањето на војници на јужната граница со Мексико до крајот на јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Секретарот за одбрана го одобри продолжувањето на поддршката што ја дава Министерството за одбрана на Министерството за национална безбедност како одговор на напливот на караванот со мигранти. Таа поддршка е одобрена до 31 јануари“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.
Речиси 6.000 војници се испратени за обезбедување на границата и зајакнување на контролата на точките за влез.

Бројот на војници кои се моментално распоредени на границата требаше да бидат ослободени од задолженијата на 15 декември.
Претходно овој месец, граничните сили на САД употребија солзавец на голема група мигранти што кон нив фрлаа камења и друго, и се обидуваа да ја пробијат оградата на границата.
Илјадници мигранти чекаат во мексиканскиот град Тихуана, на границата со САД, за да влезат во земјата. Караванот мигранти привлече големо внимание на национално ниво, а американскиот претседател Доналд Трамп без докази истакна дека тоа е „инвазија“ и дека меѓу мигрантите има „криминалци и непознати лица од Блискиот Исток“.
Пентагон ги проценува трошоците за распоредување на трупите на границата на 72 милиони долари.