Sarp Özer,Sinan Uslu
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
АНКАРА (AA) - Оружјето и муницијата кое терористичката организација ПЈД, огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, преку сириската граница го префрли во Турција, го користат терористите на ПКК во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Оружјето кое се користи во терористичките напади вклучувајќи експлозив, противоклопни пушки и разни модели на ракети, наводно стасало од Сињар на северот на Ирак и од Карачок на североистокот на Сирија.
Значителен дел од спомнатото оружје и експлозивите сочинува муниција која САД ја испратиле на терористичката организација ПКК/ПЈД.
Благодарејќи на помошта на одредени земји, првенствено на САД, ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на ПКК, поседува арсенал на оружје и опрема на помала војска.
Спомнатото оружје и муницијата во рацете на ЈПГ завршиле во рамките на помошта на САД во борбата против ДЕАШ во Сирија и на северот на Ирак.
Од Пентагон претходно потврдија дека во октомври 2015. година на ПЈД му испратиле околу 50 тони муниција.
Исто така, локалните извори соопштија дека руските воени авиони на 2. декември 2015 година во населбата Шејх Максуд на северот на Алепо, под контрола на ПЈД, испуштија пет тони муниција.
Дел од спомнатото оружје наводно преку сириската граница е испратен на терористите на ПКК во Турција.
Генералштабот на Вооружените сили на Турција вчера соопшти дека од подрачјето на Сињар на северот на Ирак од Карачок од североистокот на Сирија, од, како што се наведува, леглото на тероризмот, испратено е оружје на терористите кое е користено во нападите врз турските вооружени сили.
Се додава дека спомнатото оружје е користено и во терористичкиот напад во Дијарбакир на почетокот на април.
Турските сили потврдија дека во операциите против терористите на ПКК често запленуваат оружје по потекло од САД.
Меѓу запленетото оружје во операцијата во Мардин и Ширнак, на југоистокот на Турција, се наоѓаат и пушки М-16 кои се американско производство.
Исто така, кон крајот на март оваа година кај убиениот терорист на ПКК, во текот на операцијата во местото Шемдинли во Хакќари, градот на југоистокот на Турција, пронајдено е оружје M136 AT4 LAW.