Ali Cura
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
ЧЕРНОБИЛ (AA) - Во Чернобил денеска со оддавање на почест на страданите е одбележена 31. годишнина од најголемата нуклеарна катастрофа, а на комеморацијата присуствуваа и претседателите на Украина и Белорусија, Петро Порошенко и Александар Лукашенко, јавува Anadolu Agency (AA).
Порошенко и Лукашенко првин положија венци пред Споменикот на чернобилските херои кој е подигнат на страданите пожарникари кои први интервенираа и загинаа од радијација, а после тоа се обратија на собирот кој е одржан пред 4. блок на нуклеарната централа во која и се случи трагедијата.
Заблагодарувајќи им на сите земји кои го поддржаа проектот на подигнување на челичната конструкција со која е затворен тој блок на централата, Порошенко рече дека тој безбедносен штит, ќе гарантира безбедност во регионот во наредните 100 години.
„Проектот на безбедносен систем во Чернобил е еден од најголемите инжењерски проекти видени во светот. Проектот го поддржаа 40 земји. Тоа е доказ дека приоритет на светската политика е изградба на еколошка безбедност", рече Порошенко.
Нагласувајќи дека катастрогата во Чернобил била најголема и најстравична катастрофа во историјата на човештвото, Порошенко рече дека десет отсто од површината на Украина било изложено на силната радијација. Додаде дека три милиони луѓе претрпеле страшни последици од катастрофата, а меѓу нив и пола милиони деца.
„Илјадници луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови и стотици села останаа пусти. Илјадници смртни случаеви и канцерогени болести беа директна последица на радијацијата", рече Порошенко.
И бегорускиот претседател Лукашенко рече дека катастрофата во Чернобил била трагедија за цела Белорусија, Украина и Европа, а дека подигнувањето на челичниот шатор на местото на катастрофата е симбол на светската солидарност.
„Ова е тажен ден во историјата на целото човештво. Белорусите и Украинците на овој ден се сеќаваат на заедничката болка без познавање на граници. Нашите држави заеднички работат на чистење на трагите од катастрофата. Истакнувајќи ја подготвеноста на Белорусија да поддржи секоја иницијатива за решавање на актуелната криза на истокот на Украина, Лукашенко рече дека белоруските и украинските народи се братски народи.
Лукашенко и Порошенко после тоа ја преминаа границата и влегоа во Белорусија.
На денешен ден 1986. година во нуклеарна централа во Чернобил која се наоѓа на украинско-белогурската граница и 110 километри од Киев се случи експлозија која предизвикала течење на облаците на нуклеарните честички.
Нуклеарните честички се ширеа преку цела Европа, па дури и до САД, Канада и Јапонија.
На подрачјето во кое и понатаму постојат ризици од радијацијата на подрачјето на Украина, Белорусија и Русија и денеска живеат околу пет милиони луѓе.
На местото на експлозијата минатата година е подигнат голем челичен шатор, а потполното остранување на централата планирано е до 2065. година.