Emre Gürkan Abay
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
МОСКВА (АА) - Руската компанија, „Газпром“ соопшти дека планира во 2017 година да го зголеми производството на природен гас за 2,7 отсто во однос на минатата година, произведувајќи 430,4 милијарди кубни метри гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата се наведува дека во 2016 година, во споредба со претходната година, „Газпром“ го зголемил прозиводството на природен гас за 0,6 отсто, односно произвел 419,1 милијарди кубни метри гас.
Исто така, се нагласува и дека според планираното, во 2017 година треба да се зголеми производството на природен гас за 2,7 отсто во однос на минатата година, односно да се произведе 430,4 милијарди кубни метри гас. Покрај производството на природен гас, се планира и производство на 15,3 милиони тони кондензат од гас и 41,1 милиони тони нафта.
Како што се наведува во соопштението, минатата година се произведени 39,3 милиони тони нафта, што претставува најголемо производство на нафта во историјата на оваа компанија.