Adem Şalvarcıoğlu
19 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Судот во Австралија го казни „Apple“ („Епл“) со 6,5 милиони долари бидејќи не го признал сервисирањето на ајфон и ајпад-уредите надвор од овластените сервиси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста што ја објави „BBC“ (Би-би-си), се вели дека компанијата „Apple“ од судот во Австралија е казнета со 6,5 милиони долари бидејќи не го прифатила сервисирањето на ајфон и ајпад-уредите (iPhone и iPad) од еден сервис, кој не бил овластен сервисер.
До судот во Австралија жалба поднеле 275 лица, корисници на Apple-уреди кои своите уреди претходно ги сервисирале на друго место.
Австралиските закони не ја дозволуваат политиката на „поправка и сервисирање на уреди само во овластени сервиси“.