Diyar Güldoğan
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Две лица загинаа, а најмалку 17 се повредени вчера по уривањето на балкон во Мелбурн, соопши полицијата во австралиската држава Викторија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Се верува дека над 30 лица стоеле на балконот во моментот на рушењето“, се наведува во соопштението на полицијата.
Како што пренесуваат локалните медиуми, балконот се срушил во моментот кога групата наводно се обидувала да направи заедничка фотографија за време на божиќна забава.
Во несреќата смртно настрадале две жени од 59 и 37 години. Тие починале утринава во болницата каде им е укажувана медицинска помош, додека 17 лица се хоспитализирани.
Несреќата се случила синоќа во 22.30 часот по локално време.