Recep Şakar
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
МЕЛБУРН (АА) - На брегот на Австралија се насукаа 150 пилот-китови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено од Одделот за биолошка разновидност, конзервација и атракции (DBCA), се вели дека од китовите кои во утринските часови се насукале на брегот Хамелин Беј, починале 75.
По известувањето, упатено од еден рибар, на местото пристигнале спасувачки екипи, започнувајќи активности за спасување на преостанатите китови. Во спасувачката акција се вклучиле и голем број волонтери.
Џереми Чик од DBCA изјави дека заедно со волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот китовите и повторно да ги вратат во морето.
Засега не е позната причината поради која китовите се насукале на брегот.
- Дадено е предупредување за појава на ајкули
Истовремено, локалното населенние е предупредено од можна појава на ајкули.
Министерството за основни индустрии и регионален развој соопшти дека китовите во близина на брегот кои починале или се пред умирање, можат да бидат причина за зголемена активост на ајкулите.
Од превентивен аспект, голем број плажи и дел од крајбрежјето се затворени.
Случаи на насукување на пилот-китови на брегот на Западна Австралија имало и во минатото. Во 1996 година се насукале 320, во 2009 се насукале 80, а во 2015 година, нешто повеќе од 20 пилот-китови. Овој вид китови, главно живеат во групи, а нивните димензии достигнуваат должина до 5,5 метри.