Adem Şalvarcıoğlu
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Од поплавите кои ги зафатија североисточните делови на Индија, погодени се 500.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Монсунските дождови кои траат веќе една недела, предизвикаа поплави во североисточните региони на земјата.
Од Националната агенција за катастрофи соопштија дека во поплавите животот го загубиле најмалку 23 лица, а погодени се 500.000 лица.
Се вели дека 716 села останале под вода, додека илјадници жители биле евакуирани во безбедни подрачја.
Од Метеоролошкиот завод предупредуваат дека дождовите ќе продолжат.