15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
ПАРИЗ (АА) - Во обилните врнежи синоќа на јужниот дел на Франција се поплавени голем број населби во регионот Гард, додека стотици луѓе беа евакуирани од своите домови, а сообраќајниот и железничкиот сообраќај беше блокиран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради најавените нови врнежи за денес во споменатиот регион, голем број спасувачи се на терен, каде што се трага по едно исчезнато лице.
Нема информации за жртви, но локалните власти велат дека дождовите предизвикале значителна штета на домовите и инфраструктурата во градовите и селата помеѓу Ним и Монпелје.
„Едно лице го погоди гром, но тоа преживеа, а во невремето се сруши и кров на супермаркетот“, соопштија официјалните лица.
Околу 800 пожарникари се мобилизирани за спасување на загрозеното население.
Училиштата низ регионот денес се затворени, бидејќи во некои градови започнаа со чистење.
Поплавите доаѓаат по сезоната на екстремни временски непогоди, разорните шумски пожари во близина на француската ривиера и околу Медитеранот, рекордните поплави во Германија и Белгија и сушите и топлотните бранови во други делови на Европа.