İdris Sülün
18 Декември 2021•Ажурирај: 19 Декември 2021
МАНИЛА
Бројката на загинати во поплавите што во централните делови на Филипините ги предизвика тајфунот Раи се зголеми на 19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека тајфунот, што ги погоди централните делови од земјата, предизвикал прекин на електричната енергија и сериозни оштетувања во голем број региони.
Арлен Баг-ао, гувернерката на островот Динагат, едно од подрачјата погодени од тајфунот, изјави дека е „разоран“ островот на кој живеат 180.000 лица.
Силниот дожд и ветер од тајфунот предизвикаа уривање дрвја и поплави во голем број села.
Властите информираа дека 300.000 селани се евакуирани во безбедни подрачја пред тајфунот да го погоди тоа подрачје.