Mahmoud Barakat
19 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските сили уапсија 13 Палестинци во синоќешните рации на окупираниот Западен Брег, објави денес Израелската војска.
„Лицата се уапсени поради сомнение за учество во терористички активности“, тврди Армијата во соопштението без детално објаснување, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Уапсените ќе останат во притвор до понатамошна истрага“, се додава во соопштението.
Израелската војска честопати спроведува апсења на окупираниот Западен Брег под изговор дека бараат одредени Палестинци.
Според палестинските институции, околу 6.500 Палестинци во моментов се во израелски притвор, меѓу кои 62 жени и околу 350 малолетни лица.
Тензиите на Блискиот Исток дополнително се интензивираа по неодамнешната преселба на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс), кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираа поради израелската окупација, барајќи право да се вратат на своето земјиште. Израелските сили убија најмалку 123 лица, а беа повредени неколку илјади палестински демонстранти.
Источен Ерусалим, останува во срцето на деценискиот конфликт на Блискиот Исток.