политика, Балкан

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Гаши, оствари средба со челникот на турскиот Дијанет

На средбата беа присутни и реис-ул-улема на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Шаќир Фетаху, амбасадорот на Турција во земјата, Фатих Усулој, како и со претставници на исламските верски заедници од Германија, Австрија и Италија

Elena Trenchevska Chekovic  | 01.04.2026 - Обновена : 02.04.2026
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Гаши, оствари средба со челникот на турскиот Дијанет Фото: Собрание на РСМ

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Дијанетот на Турција, Сафи Арпагуш, пренесува Анадолу.

На средбата беа присутни и реис-ул-улема на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Шаќир Фетаху, амбасадорот на Турција во земјата, Фатих Усулој, како и со претставници на исламските верски заедници од Германија, Австрија и Италија.

На средбата, како што соопшти Собранието, Гаши го поздравил одржувањето на Самитот на верските лидери на Балканот во Скопје, истакнувајќи дека тоа претставува доказ за заедничката волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка.

„Тој (Гаши) ја нагласи важноста на соживотот, како и улогата на верските заедници во неговото унапредување и во јакнењето на толеранцијата меѓу народите во регионот“, се истакнува во соопштението.

Претседателот на турскиот Дијанет, Арпагуш, од своја страна ја истакнал успешната организација на Самитот и значењето на соработката меѓу верските заедници. Тој посочил дека „соживотот кој со векови постои во регионот придонесува за зајакнување на мирот, меѓусебната доверба и братството.“

Реис-ул-улема на ИВЗ, Шаќир Фетаху, се осврнал на значењето на Самитот и на поддршката од институциите во неговата подготовка и реализација, посочувајќи дека настанот добил и пошироко државно значење.

Амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Фатих Усулој, нагласил дека пријателските односи и блиската соработка меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.