Во Скопје се организираше настанот „Travel weekend with Turkish Airlines“
На крајот од настанот, на кој присуствуваа повеќе од 3.000 лица, се одржа специјално извлекување
СКОПЈЕ (AA) – Во Скопје се одржа настанот „Travel weekend with Turkish Airlines“, пренесува Анадолу.
На настанот кој се одржа во трговски центар во Скопје, учествуваа десет агенции кои работат во земјата.
Настанот го отвори директорката на „Туркиш ерлајнс“ за Северна Македонија, Улкер Шуле Аксој, при што беа презентирани дестинациите и беа дадени информации за „Туркиш ерлајнс“.
За време на настанот, на посетителите им беа презентирани макети на авиони, клучеви и сувенири, а во рамките на квиз на знаење, четири лица освоија билети во бизнис-класа за Истанбул.
На крајот од настанот, на кој присуствуваа повеќе од 3.000 лица, се одржа специјално извлекување на кое десет лица освоија бесплатни билети за дестинации како Сејшели, Малдиви, Бали, Мајами, Кенија, Куба, Севиља и Порто.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
