Mehmet Bayrak
02 Април 2026•Ажурирај: 03 Април 2026
ХАТАЈ (АА) – МЕХМЕТ БАЈРАК - Џемил Олгун (68) повеќе од четири децении ги поправа чевлите на своите сограѓани во историската чаршија Узун, во турската област Хатај, пишува Анадолу.
Патот на мајсторот Олгун во чевларството започнал на само 11-годишна возраст. Откако со години ги учел тајните на занаетот, во 1982 година отворил сопствен дуќан од само 6 квадратни метри во срцето на Антакија.

Олгун, татко на три деца, кој веќе 44 години замавнува со чеканот на истата тезга, продолжил со својата работа во дуќанот откако неговиот објект не претрпел оштетувања во земјотресите кои го погодија Кахраманмараш на 6 февруари 2023 година.
И покрај технолошкиот напредок и земјотресите, Олгун не се одвоил од својот занает и со љубов ја продолжува работата.
- „Понекогаш работиме за 20 лири, но понекогаш и за 500 лири“ -
Џемил Олгун за дописникот на Анадолу изјави дека во чевларството влегол по насоките на неговото семејство.

„Благодарение на оваа работа ишколував три деца на факултет. На секое од нив му направив куќа, а две веќе оженив. Многу си го сакам занаетот, тој ми е сè. Луѓето кои се во тешка економска состојба имаат голема потреба од нас, но за жал, по нас нема кој да ја продолжи оваа работа.“
Објаснувајќи дека може да поправи секаков вид чевли, Олгун рече: „Цената се менува во зависност од поправката, материјалот и трудот. Работиме и за 20, но и за 500 лири.“
Додека делови од историската чаршија сè уште се под реставрација по земјотресот, мајсторот Џемил секој ден прв го отвора својот дуќан, симболизирајќи ја истрајноста и надежта на целиот Хатај.