Rahmi Gündüz
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ПАРИЗ (AA) - Генералниот секретар на Советот на Европа Тхорбјрон Јагланд по тензиите помеѓу Турција и одредени земји на Европската унија (ЕУ) до кои дојде во последните неколку дена, повика на дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оваа ситуација и штети на демократијата и дипломатијата. Не смееме да дозволиме напнатостите дополнително да порастат. Потребно е да се даде можност на државјаните на Турција, во рамките и надвор од земјата, да добијат доволно информации за уставните промени, а кампањата за рефенрендумот би требала да биде отворена, сеопфатна и праведна", истакна Јагланд во пишано соопштение.
Јагланд смета дека турските функционери треба да соработуваат со колегите странци кога станува збор за кампањите надвор од Турција.
Според неговите зборови, потребен е конструктивен дијалог кога станува збор за таквите активности, но и време потребно за административни подготовки.
Исто така, предупреди дека кампањите и состаноци во земјите членки на Советот на Европа треба да бидат оргнизирани во склад со Европската резолуција за човекови права.
Холандските власти вчера го спречија министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерката за семејство и социјална политика Каја, да ги посетат своите дипломатски претставништва на таа земја и можноста да се сретнат со турската заедница во Холандија. Со полициска придружба, министерката Каја беше вратена во Германија, од каде што утрово пристигна во Турција.
Турското Министерство за надворешни работи го осуди актот на спречување на посетата и од амбасадорот на Холандија во таа земја, кој моментално е на одмор, побара извесен период да не се враќа на својата должност во Анкара. Забранет е влез и излез од амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул поради безбедносни причини.
Холандската полиција во меѓувреме со употреба на сила ги растера собраните граѓани кои протестираа против задржување на возилото на министерката Каја, но протестите на улиците на Ротердам беа продолжени. Голем број на граѓани се собраа пред дипломатските претставништва на Холандија во Анкара и во Истанбул протестирајќи поради спречување на посетата на турските функционери во таа земја.