Ayşe Hümeyra Atılgan
17 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
АНКАРА (АА) - Рекс Тилерсон, државниот секретар на САД на 30 март ќе патува во посета на Турција, потврдено е синоќа од турското Министерство за надворешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Турција во телевизиско интервју изјави дека тој и претседателот Реџеп Таип Ердоган за две недели ќе се состанат со Тилерсон.
Чавушоглу додаде и дека Ердоган планира да се состане со Доналд Трамп, новиот претседател на САД по престојниот референдум на 16 април во Турција на кој граѓаните ќе одлучат за уставните реформи, кои би требале да доведат до тоа, сегашниот парламентарен систем да биде променет во претседателски.