Ömer Aydın
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
ПАРИЗ (АА) – Објавени се кандидатите за претседателските избори во Франција, закажани за 23 април. Уставниот совет соопшти дека на изборите ќе учествуваат 11 кандидати, меѓу кои се наоѓаат и 2 жени, кои ги исполнуваат условите за кандидат во изборната битка за нов претседател на Францијај, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на уставниот совет на Франција, Лоран Фабиус, на прес-конференцијата одржана во Париз информираше во врска со имињата на кандидатите чии кандидатури биле прифатени за престојните претседателските избори во Франција, и даде детали за претседателските избори.
Фабиус потсети условите за учествува на избори, потребата да се собират најмалку 500 потписи на поддршка од избраници кои се пратеници, членови на собранието на општината или пак член на регионални собранија и истакна: „Единаесетте кандидати ги собрале потребните 500 потписи, и добија право за учество на изборите.“
Претседателот Фабиус истакна дека 11-те кандидати добиле поддршка од вкупно 14.296 избраници, и дека потписите за поддршка кои кандидатите ги поднеле треба да бидат од најмалку 30 различни региони или сектори.
Според тоа, Никола Дупонт-Ењан, Мари Ле Пен, Емануел Макрон, Бенуа Амон, Натали Арто, Филип Путу, Жак Шеминад, Жан Ласал, Франсуа Асселино, Жан-Лук Меланшон, и Франсоа Филон ќе учествуваат на претседателските избори во Франција. Кандидатот на централната десница, Филон, добил најголема поддршка со собрани 3.635 потписи. Него го следат кандидатот на социјалистите, Хамон со 2.039 потписи и независниот кандидат, Макрон, со 829 потписи. Кандидатката на екстремната десница, Ле Пен собра 627 потписи.
Вчера истече рокот за пријавување на кандидатите за изборите.
Потребно е да се освојат 50 отсто од гласовите во првиот круг за да се победи на изборите. Ако во првиот круг не се обезбеди апсолутното мнозинство, тогаш двајцата најдобри кандидати со најголем број освоени гласови ќе учествуваат на вториот круг. Кандидатот кој ќе победи во овој круг ќе биде избран за претседател на Франција.
Последните анкети покажуваат дека Ле Пен и Макрон ќе бидат двајца кандидати кои би требало дда учествуваат во вториот круг на гласања.
По претседателските избори, за јуни месец е закажано одржување на општите избори во Франција.