свет

Тореадори меѓу кандидатите на парламентарните избори во Шпанија

Добро познатите тореадори од земјата како што се Мигел Абелан, Салвадор Вега и Серафим Марин се кандидати за пратеници од десничарските политички партии на парламентарните избори во Шпанија

Şenhan Bolelli  | 26.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Тореадори меѓу кандидатите на парламентарните избори во Шпанија

МАДРИД (АА) – На предвремените парламентарни избори во Шпанија закажани на 28 април, меѓу кандидатите за пратеници се наоѓаат и познати тореадори од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Шпанија, политичките партии што ќе учествуваат на парламентарните избори, ги доставија кандидатските листи за пратеници до Изборната комисија. На кандидатските листи се наоѓаат и познати тореадори од земјата, што привлече големо внимание во јавноста. 

Добро познатите тореадори од земјата како што се Мигел Абелан, Салвадор Вега и Серафим Марин се кандидати за пратеници од десничарските политички партии. 

Во конкретниот случај, опозициската Народна партија (PP), тореадорот Абелан го стави под реден број 12 на листата за кандидати во Мадрид, додека Салвадор Вега, во Малага, се наоѓа на последно место на листата за кандидати за пратеници. Екстремно десничарската партија Вокс, која за првпат ќе учествува на изборите, во Барселона, на 3. место од листата го стави тореадорот Серафин Марин. Тој е познат како последен тореадор кој излезе на монументалната арена во Барселона, откако на 25 септември 2011 година во Каталонија беа забранети борбите со бикови. 

Од друга страна, по смртта на диктаторот Франциско Франко во Шпанија, Адолфо Суарез, синот на првиот премиер во периодот на транзицијата на земјата кон демократија, е кандидат за пратеник од Народната партија (PP) во Мадрид, како втор на листата за кандидати. Тој е познат по своите новинарски особини, но беше и долгогодишен тореадор. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.