свет

Европскиот парламент го изгласа укинувањето на зимското и летното сметање на времето

Земјите членки на ЕУ до април 2020 година треба да решат дали ќе воведат трајно зимско или летно сметање на времето, а сезонското сметање на времето ќе биде укинато во 2021 година

Ata Ufuk Şeker  | 26.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Европскиот парламент го изгласа укинувањето на зимското и летното сметање на времето

БРИСЕЛ (АА) Европскиот парламент (EP) го изгласа укинувањето на зимското и летното сметање на времето, јавува Anadolu Agency (AA).

На гласањето во Стразбур 410 пратеници гласаа за укинување на зимското, односно летното сметање на времето, додека против беа 192 пратеника.

Земјите членки на Европската Унија до април 2020 година треба да решат дали ќе воведат трајно зимско или летно сметање на времето, а сезонското сметање на времето ќе биде укинато во 2021 година.

Во анкетата која минатата година ја спроведе Европската комисија во врска со мислењето за укинување на зимското и летното сметање на времето учествуваа 4,6 милиони луѓе.

Дури 84 отсто од испитаниците се противеле на ваквото сметање на времето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın